Финалната конференција за вмрежување
На 19-20.11.2018 година, во хотел Холидеј Ин, Скопје, се одржа Финална конференција за вмрежување на тема: Женско претприемништво и предизвиците за интеграција во ЕУ како и прославување на Светски ден за женско претприемништво каде свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ.
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска ја организираа финалната конференција, која е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“. Финалната конференција за вмрежување одржа 4 панел дискусии каде претставници од различни Министерства, институции, организации и компании споделија искуства, знаење и информации на специфични теми. На финалната конференција за вмрежување земаа учество повеќе од 150 учесници од целата држава, а имаше б2б средби помеѓу жени претприемачи од регионот.