Самит 2023 – Клуч за зајакнување на економијата

Третиот Годишен Самит за женско претприемништво со наслов Клуч за зајакнување на економијата, што се одржа на 23-24 Ноември 2023 год. во Хотел Мериот, во Скопје, беше во организација на Националната платформа за женско претприемништво. На свеченото отвoрање на Самитот говореа: Г-дин Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Mr. Ben Nupnau – Deputy Head of mission and Head of Political and Information section, EU Delegation to North Macedonia, Г-дин Крешник Бектеши – Државен секретар во Министерство за Економија, Г-ѓа Валентина Дисоска – Претседател на Здружение на бизнис жени и на Националната платформа за женско претприемништво, Г-ѓа Габриела Костовска Богоеска – Извршен директор на Фондација за менаџмент и индустриско истражување и Г-дин Орце Симов – Потпретседател на ССК и Претседател на ИКТ при Сојуз на Стопански Комори. Се доделија и наградите за најуспешните жени претприемачки во 2023 година. Имаше и три панел сесии и тоа, Панел 1 – Улогата на националните, регионалните и локалните институции во јакнењето на женското претприемништво, говореа: Г-ѓа Јована Трнечевска – Министерка за труд и социјална политика,  Г-ѓа Душица Перишиќ – Извршен директор на ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа),  Г-ѓа Данела Арсовска – Градоначалник на Град Скопје, Г-ѓа Весна Ивановиќ – Кастаред – Раководителка на програмската канцеларија на UN Women, Република Северна Македонија и  Г-дин Љупчо Папазов – Градоначалник на Општина Кочани.  Панел 2 – Зајакнати жени во претприемништвото преку интернационално здружување, говореа: Г-ѓа Афердита Келменди Претседателка на Г7 – комора на жени претприемачки – Косово, Г-ѓа Антонела Хако – Претседател на Женска економска комора на Албанија,  Г-ѓа Весна Миловановиќ – Мрежа за рурален развој Србија, Г-ѓа Мариам Чикопаиџе – Претседател на Здружението на жени претприемачи AWE Грузија и Г-ѓа Софија Шмитран – Регионален комесар за балканските држави во Светската асоцијација на жени претприемачи ФЦЕМ, Хрватска. Во рамки на Самитот имаше и Б2Б состаноци и се доделија наградите од проектот за најуспешна млада лидерка и граѓанска организација – добри практики. Панел 3 –  Споделување на успешни приказни од жени претприемачки. Жените претприемачки зборуваа за почетоците и развојот на нивните бизниси. Имаше и две работилници, за Финансиски менаџмент и Обезбедување финансии/односи со инвеститори. По завршување на богатата и исцрпна дискусија по сите дадени теми, со Заклучоци на претседателката Валентина Дисоска, заврши дводневниот Трет Самит за женско претприемништво. На настанот активно учествуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел.