Промотивна Конференција на Кинескиот саем

Во организација на Министерството за трговија на Народна Република Кина, се одржа промотивна конференција за Кинескиот саем за увоз и извоз на која присуствуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел. Настанот се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje со почеток во 09.30 часот.

На настанот се говореше за бизнис предизвиците и приликите во Кина, практични информации и забелешки кои би биле од голема важност за секој што би сакал да има било каква соработка со Кина, како и за најголемиот саем во светот, застапен со сите гранки на индустријата.