Преку вклучување и транспарентност до правичност и квалитет
Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, во рамките на проектот “Преку вклучување и транспарентност до правичност и квалитет”, финансиран од Меѓународниот центар за локална демократија од Шведска (Swedish international Centre for local democracy – ICLD), одржа завршен настан на кој беа презентирани наодите од истражувањето. Настанот се одржа на 16 ноември 2021 г. (вторник), со почеток во 11 часот, во Национална Филхармонија.
Покрај презентацијата на наодите од истражувањето и индексот, за време на настанот имаше и панел дискусија со претставници на институциите кои играат клучна улога во процесот на подобрување и поддршка на транспарентноста и отчетноста како столб за развивање на локалната демократија. Покрај претставници на ЗМАИ, и Г-дин Микаел Атерхог, Раководител за развојна соработка од Шведската амбасада, како говорници присутни беа и Градоначалникот на Општина Валандово, г-дин Перо Костадинов, Советник во Општина Центар, г-ѓа Јана Белчева Андреевска, Извршната директорка на ЗЕЛС, г-ѓа Душица Перишиќ, Претседателот на Центарот за Граѓански комуникации, г-дин Герман Филков и Senior Advisor во Statistic Sweden, г-дин Томас Бјуренвал. На настанот учествуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел.