Отворен форум за антикорупција

По повод меѓународниот ден за борба против корупција, на 6 и 7 Декември во Холидеј Ин во Скопје се одржа првиот „Отворен форум за антикорупција“ во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“ и „Регионалната мрежа за антикорупција (СЕЛДИ)“, која е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој УСАИД и ЕУ, а ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Форумот го отвори претседателот на Стево Пендаровски кој нагласи дека за жал корупцијата станa наше секојдневие и начин на живот. Последиците од оваа состојба се видливи за сите граѓани. Корупцијата генерира сиромаштија и социјална неправда со што ги продлабочува поделбите во македонското општество, го забрзува иселувањето бидејќи практично го поништува и системот на заслуги при вработување и унапредување. Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Давид Гир, изјави дека напредокот во владеењето на правото и борбата против корупцијата се од критично значење за движењето на патот кон ЕУ, но пред се за граѓаните на земјата.  На панел дискусијата дали ги исполнивме ветувањата за борба против корупција, свое излагање имаа Славица Грковска, Влада, Билјана Ивановска, ДКСК,Максим Ацевски, ДЗР, Герман Филков, ЦГК,  Снежана Камиловска Трповска, МЦМС. Имаше повеќе сесии со паралелни настани во неколку сали.  Новинарите и организациите фрлаат светлина врз коруптивните практики, ги информираат граѓаните и поттикнуваат акција кога институциите не реагираат. На овој дводневен форум свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.