НЕКСТ-ЕМ дооел - регистрар за кириличниот домен .МКД

 

Почитувани клиенти,

НЕКСТ-ЕМ дооел како овластен регистрар од МАРнет, Ве известува дека од денес почна со регистрација на кириличниот домен .мкд.

Во врска со горенаведеното, НЕКСТ-ЕМ дооел нуди:
Регистрација на .мкд  домен – 800 ден. + 18% ддв = 944 ден.

Во процедурата за регистрација  на .мкд  домен, потребно е барање, кое можете да го погледнете и превземете од нашата веб страна, воедно  е и како информација за да видите кои податоци се потребни за пополнување. Заедно со барањето е потребно тековна состојба-копија (не постара од 6 месеци).
Барањето треба да се пополни исклучиво електронски, отпечати и завери со печат и потпис, и документите ни се потребни во оригинал (не е проблем да се договориме да ги подигнеме од кај Вас), а претходно скенирани (pdf) да ни ги пратите на маил, за да може да Ве внесеме во базата на податоци. За секој домен треба посебно барање.
Доколку се работи за физичко лице, потребно е само барањето, пополнето и своерачно потпишано. Во меѓувреме на маил добивате фактура, која во оригинал Ви ја праќаме по пошта. Доколку имате дигитален потпис, може да се потпишат барањата и тековната и тоа скенирано да се прати на маил, во тој случај нема потреба од дополнителни документи, бидејќи тие се сметаат за валидни.
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ви стоиме на располагање.

Со почит,
НЕКСТ-ЕМ дооел