Меѓународна конференција „Е-Општество.мк“
Четиринаесетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Конференцијата се одржа на 11 Декември 2018 год.во Хотелот „Холидеј ин“ во Скопје од 11:00 до 16:00 ч., при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.
На настанот, во пет одделни сесии дебатираа и дискутираа над дваесет претставници на институциите, медиумските организации и граѓанскиот сектор од Македонија и регионот, со крајна цел да придонесат во дефинирањето на приоритетите во областите на слободата на изразување, медиумска писменост, транспарентност и отчетност. Фактот што Метаморфозис ја организира оваа меѓународна конференција четиринаесетти пат, покажува колку е голема потребата за ваков форум каде сите релевантни чинители дебатираат и со тоа придонесуваат во севкупниот процес на развој на демократските процеси во Македонија.