Конференција „Транспарентност и отчетност”

Институтот за комуникациски студии (ИКС) ја организираа конференцијата „Транспарентност и отчетност“, која се одржа на 12 Декември 2023 год. во Хотел Лимак,  Скопје со почеток во 10 часот. Во воведното обраќање, директорката на Институтот Жанета Трајкоска кажа дека има епидемија на недоверба во трите власти: извршната, законодавната и судската. Таа ја нагласи важноста од транспаретно и отчетно работење како клучни за довербата на граѓаните. Во своето излагање, премиерот Димитар Ковачевски рече дека е задоволен од нивото на транспаретност на Владата бидејќи таа е респонзивна на барањата за слободен пристап до информации и, генерално, во активната транспаретност. Негативните оценки од граѓаните, според него, се должат на перцепција, а не на статистички податоци. Ковачевски најави дека транспаретноста на Владата и на јавните институции ќе се зголемува со транспарентно објавување на сите јавни набавки. Премиерот оцени дека транспаретноста може нема да гарантира доверба, но дефинитивно нетранспаретноста гарантира недоверба. Ковачевски смета дека има простор да се подобри транспартеноста во судството, законодавната и локалната власт. Амбасадорот на Обединето Кралство, Метју Лосон, нагласи дека отвореноста на владите е важно за откривање и спречување на корупцијата, што е главна грижа на граѓаните. Тој посебно ја напомена важноста за финансиска транспаретност и за тоа како се трошат парите на даночните обврзници. Имаше и две сесии и тоа, првата за Потиснато или негувано право да се знае транспарентностаи довербата во јавните институции и втората за Преиспитување на културата за одговорноста на јавните институции. На конференцијата беа понудени нови перспективи и пристапи за зголемување на довербата во владините институции, со фокус на транспарентноста и отчетноста во владеењето на правото и корупцијата. Институтот за комуникациски студии ја организираше конференцијата во рамките на проектот „Користи факти“, што е поддржан од Британската амбасада во Скопје. На настанот свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.