Конференција „Е-Општество.мк“ - Вештачка интелигенција и човекови права

Деветнаесетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ја организира меѓународната конференција „Е-Општество.мк“. Конференцијата се одржа на 19 Декември 2023 год. во хотел Мериот во Скопје но и онлајн на платформата Zoom, при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. На настанот, во повеќе одделни сесии дебатираа и дискутираа претставници на институциите, невладините организации и граѓанскиот сектор.  Вештачката интелигенција отвора невидени можности за иновации во различни сектори, од здравство и транспорт, до образование и забава. Сепак, истовремено покренува клучни прашања за тоа како да се заштитат основните човекови права. Постигнувањето на вистинскиот баланс помеѓу иновацијата и одговорноста е од суштинско значење кој вклучува решавање на проблеми како што се приватноста, пристрасноста, дискриминацијата и етичката употреба на вештачката интелигенција за заштита на човековите права.  Во оваа дигитална ера, визијата на Министерството за информатичко општество и администрација е да го води патувањето на нацијата водејќи се според сферите на мудроста и технологијата, притоа поддржувајќи ги ЕУ стандардите, по патот кон трансформативна иднина каде што иновациите и соработката се во насока на напредок и просперитет. Во дигиталната ера етичките димензии на технологијата никогаш не биле посуштински. Брзиот напредок на дигиталните решенија и услуги има моќ или да послужи како движечка сила за позитивни промени или да ги продлабочи постоечките нееднаквости.