Завршна конференција - Жените на работно место
Во организација на Националната платформа за женско претприемништво и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување се одржа завршната конференција Жените на работно место – Право на достоинствена работа. Настанот се одржа на 5 Декември 2024 год. (четврток) во хотел Холидеј Ин, Скопје. Настанот започна со поздравни обраќања од страна на Хаким Сума – Државен секретар при Министерството за економија и труд, Валентина Дисоска – Претседател на Здружение на бизнис жени и Габриела Костовска Богоеска – Извршен директор на Фондација за менаџмент и индустриско истражување. На настанот имаше презентација на проектни активности и резултати, претставени од Емилија Андонова – Проектен менаџер при Фондација за менаџмент и индустриско истражување која ги сподели досегашните активности и резултати од проектот ,,Пристојна работа за жени работнички – Социјално учество и зајакнување“. Веднаш по презентацијата на активностите се промовираше и се потпиша од страна на сите засегнати страни, Декларацијата за пристојна работа и родова еднаквост во социјалниот дијалог – клучен чекор кон поттикнување на инклузивни и правични работни места. Потоа следеа и две панел дискусии, и тоа Панел 1: Жените работнички и правото на пристојна работа – предизвици и решенија и Панел 2: Институционалната поддршка – клучна во постигнувањето на пристојна работа за сите. По завршување на секој панел имаше исцрпна дискусија по сите дадени
теми. На настанот активно учествуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел.