ЗАВРШЕН НАСТАН „Презентација на мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК“

Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, имаа презентација на последниот мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.

Презентацијата се одржа на 04 Април (среда) 2018, во хотел Холидеј Ин, во Скопје, сала Милениум, со почеток во 10:30 часот. На овој настан во воведната сесија, говореа Н.Е г. Чарлс Едмонд Герет, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Македонија, г. Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација, г. Зоран Трајчевски, Директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, г. Сашо Димитријоски, Директор на Агенцијата за електронски комуникации, г. Љупчо Петковски, Извршен директор на ЕВРОТИНК. Во Панел презентацијата за завршниот извештај, говореа г-ѓа Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар,  г. Горан Лазаров, проектен координатор од ЕВРОТИНК, г-ѓа Снежана Трпевска, експерт за медиуми, г. Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност, г. Сеад Џигал, комуниколог и  модератор: г-ѓа. Христена Јованчева, односи со јавност од ЕВРОТИНК.  Проектот е поддржан од Британската амбасада во Скопје.