Евротинк – Презентација за мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК

На покана на Евротинк, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Презентацијата за мониторинг извештај за работата на АВМУ (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги)  и АЕК  (Агенција за електронски комуникации) која се одржа на 28 Септември 2017 год. во Хотел Холидеј Ин, сала Скала во 11.30 часот.

На овој настан говореа г-дин Горан Лазаров, Проектен координатор од Евротинк, г-ѓа Билјана Бејкова, Извршна директорка на НВО Инфоцентар, г-дин Сефер Тахири, Комуниколог и Модераторот г-ѓа Христена Јованчева, односи со јавност од Евротинк. Презентацијата беше за мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите. Проектот е поддржан од  Британската Амбасада во Скопје