Дигитална преобразба за подобар живот

Дваесетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ја организира меѓународната конференција „Е-Општество.мк“. Конференцијата се одржа на 05 Ноември 2024 год. во хотел Мериот во Скопје, при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. На настанот, во повеќе одделни сесии дебатираа и дискутираа претставници на институциите, невладините организации и граѓанскиот сектор. На настанот насловен „Дигиталната преобразба за подобар живот“ се фокусираше на постојаната планирана и непланирана дигитална трансформација на општеството. Темите на конференцијата се фокусираа на општествената одговорност на институциите, граѓанскиот и бизнис секторот во градење на дигитално општество за подобар живот на сите, промените на начинот на комуникација и потребата од постојана работа на повисоко ниво на медиумска писменост и критичко мислење и постојана подготовка на граѓаните за препознавање на дезинформации кои се повеќе навлегуваат во сферата на безбедносен проблем. Конференцијата беше наменета за сите граѓани кои сакаат да се вклучат во размислувањето и дебатирањето околу овие нови предизвици, се заинтересирани за подобрување на својата медиумска писменост и сакаат да живеат во демократско општество и по целосната дигитална преобразба. На конференцијата беа присутни експерти од земјата и регионот, како и меѓународни гости и претставници од релевантните институции. Оваа година настанот се одржува во синергија со проектите „Центар против дезинформации на Западен Балкан“ финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија и „Интеграција на Западен Балкан во Единствениот дигитален пазар на ЕУ“ спроведуван од Партнери Србија, Метаморфозис и други партнерски организации, а финансиран од Фондации Отворено општество – Западен Балкан.