Гордиевиот јазол на штетни наративи

Институтот за комуникациски студии (ИКС) организираа панел-дискусија каде што го презентираа новиот водич за комуникација. Настанот се одржа на 11 Април (петок) 2025 година со почеток во 10 часот во хотел Холидеј Ин, Скопје. Воведно обраќање на настанот имаше Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието. Се зборуваше за препознавање на штетните наративи, последици врз општеството, улогата на медиумите и политичарите во нивно спречување и препораки за одговорна комуникација. На панел-дискусијата дискутираа пратеници, уредници и новинари за важноста на етичката политичка комуникација и за улогата на медиумите во спречувањето на штетни наративи во политичкиот и во јавниот дискурс. Претставување на публикацијата беше од м-р Михајло Лахтов, коавтор на публикацијата, а свое мислење дадоа и Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на коалицијата „За европска Македонија“ и пратеник на СДСМ, Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на коалицијата „Твоја Македонија“ и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Халил Снопче, координатор на пратеничката група на коалицијата Вреди и пратеник на Алијанса на Албанците, Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и уредник во ТВ 24, Леунора Калиќи, уредничка во МРТ 2 и претседателка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Александар Дамовски, главен и одговорен уредник на онлајн медиумот МКД.мк. Модератор беше Александра Теменугова, член на истражувачкиот тим и раководителка на програма во ИКС. Панел-дискусијата ИКС ја организира во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје. На покана на ИКС, на настанот свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.