Глобална конференција за претприемништво 2024

ЦЕФЕ Македонија по втор пат организираше глобална конференција за претприемништвото, која се одржа во Јавна Соба, на 26.06.2024 год. со почеток во 10.30 часот. Општа цел на конференцијата е да се промовира претприемништвото, бидејќи нема подобро време од денешницата за развој на голбален бизнис и кариера, македонската економија има стратешка определба и насока кон единствениот пазар на Европска Унија. На конференцијата беа споделувани добри пракси и факти зошто е потребно претприемачкото учење, методи на самостојно поттикнување за учење од страна на претприемачите како и споделување на алатки и програми за претприемачко учење. На конференцијата се добија и нови информации, насоки и размислувања за развојот на претприемништвото. На Глобална конференција за претприемништво 2024, се придружи и Зоран Витанов кој е еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија и еден од првите кој имал визија да почне да гради претприемачи со компетенции. Свои обраќања имаа и дел од тимот на Цефе Македонија, меѓу кои и Јован Сталевски обучувач и Претседател на ЦЕФЕ Македонија. На настанот се прослави и 16 години ЦЕФЕ Македонија или 16 години градење на компетентни претпремачи во Македонија и во регионот. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.