Втора Национална конференција - проект СМАРТ Балкан

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во соработка со партнерските организации од БиХ – Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) и Албанија – Institute for Democracy and Mediation, со поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка организираше Втора Национална конференција за промоција на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, која се одржа на 08.06.2023 со почеток во 09.00 часот во Хотел Александар Палас, Скопје. На конференцијата се одржаа две панел-дискусии каде панелистите се осврнаа на регионалните прашања како што се насилството кај младите, природните катастрофи и глобалните безбедносни предизвици на Западен Балкан, вклучително и радикализацијата што води кон тероризам. Воведни обраќања имаа г-ѓа Марија Ристеска, Извршна директорка на ЦИКП, г-ѓа Хане Малгард, заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград; и г-дин Методија Димовски, генерален секретар на Владата. За време на конференцијата беа потпишани договори за грант со македонски организации во рамките на линијата за грантови за Национална интервенција. Од 60 пристигнати апликации, во втората фаза на евалуација, четири (4) организации биле избрани да добијат средства. Наградените организации ќе ги реализираат своите проекти во период од приближно две години. Cвое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.