АЕК – WIMAX – почеток на новата ера во телекомуникациите во Македонија
На настанот организиран од Aгенцијата за електронски комуникации кој се одржа од 13-ти до 15-ти февруари 2008 година во просториите на Стопанска комора, присуствуваа претставници од сите македонски оператори и дел од македонските ИТ фирми како и регулатори од соседните земји.
Техничкиот директор на НЕКСТ-ЕМ дооел г-динот Владислав Бидиков имаше презентација на тема “Почеток на новата ера во телекомуникациите во Македонија”.