АЕК – Меѓународна регулаторна конференција за 2018 год.
На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Меѓународната регулаторна конференција која се одржа од 14 до 16 Мај 2018 год. во Хотел Метропол – Охрид. Шеста година по ред, АЕК организира Меѓународна регулаторна конференција, со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот, преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства.
Насловот на конференцијата “ Време за акција “ упатува на поттик на сет од акции меѓу мрежата на регулаторните тела за зајакнување на соработката и подобрување на работата. Беа поканети познати личности, од македонските и меѓународни институции, меѓу кои и владини претставници, регулаторни тела, претставници на МСУ, претставници на Европската Унија, оператори, други компании, како и клучни личности на македонскиот и глобалниот пазар на електронски комуникации. Оваа конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Сашо Димитријоски. На отворањето свое учество имаше и министерот за информатичко општество и администрација, господинот Дамјан Манчевски. Конференцијата обезбеди одлична платформа за целисходен дијалог помеѓу сите засегнати страни и одлична основа за размена на мислења за теми од заеднички интерес, преку споделување на знаење и искуство. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. Одлична организација и прекрасен настан.