АЕК – Втор јавен состанок за 2024 год.
На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Вториот јавен состанок за 2024 год. кој се одржа на 26 Декември 2024 год. со почеток во 10 ч. во административната зграда на АЕК – Бизнис сала. Состанокот го отвори Директорот на Агенцијата, г-динот Јетон Акику. Почитувајки го принципот на своето транспарентно работење и законските одредби, Агенцијата за електронски комуникации го организираше овој состанок со цел да им овозможи на сите чинители и заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзините активности во годината која изминува и плановите и стратегиите за наредниот период. На овој состанок имаше презентации на следните теми, Развој на конкуренцијата во Македонија – влез на трет мобилен оператор, презентер Игор Бојаџиев – Советник на директорот за радиокомуникации, Анализа на постигнатите резултати и развој на стратегии за подобрена заштита на корисниците, презентер Рената Аиновска Талевска – Раководител на сектор за заштита на правата на корисниците, Придобивки на крајните корисници после потпишана роаминг спогодба, презентер Александар Коцевски – Раководител на одделение за анализа на пазарите, Мерење на брзина на интернет во фиксна и мобилна мрежа, презентер Борис Арсов – Раководител на Сектор за телекомуникации, Систем за мониторинг на радиофреквенции, презентер Јонче Грозданоски – Раководител на Сектор за контрола и мониторинг на радиофреквенции, како и за МКД CIRT, Решение за ублажување на DDoS напади UTRS 2.0, презентер Севдали Селмани – Раководител на одделение за одговор на компјутерски инциденти.