ZWCAD конференција
НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на првата ZWCAD конференција која се одржа на 4 Ноември 2025 год. во Хотел DoubleTree by Hilton, со почеток во 10 часот. На конференцијата беа претставени сите новитети за ZWCAD 2026. ZWCAD го користат над 1,4 милиони професионалци ширум светот во: геодезија, градежништво, архитектура, инженерство, индустрија и други сектори. ZWCAD 2026 носи паметни алатки, уште подобри перформанси и целосна компатибилност со DWG-датотеки. Достапен како трајна или годишна лиценца со новитети во верзијата 2026 како параметарски ограничувања (2D и динамички блокови), паметни блокови: анализа, броење, замена, подобрена компатибилност со AutoCAD (Flexiblocks), нов ZWCAD Toolbox, подобрени 3D перформанси и многу повеќе! GEOPLUS е програма за обработка на геодетски податоци изработена на ZWCAD. Без разлика во која индустрија сте, секогаш можете да најдете вистинско решение кое ќе помогне да работите полесно, побрзо и поточно. Активно учество имаше и НЕКСТ- ЕМ
дооел.




