EWA Македонија 2025

На покана на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР), во рамки на програмата Empowering Women in Agrifood (EWA), а поддржана од EIT Food, НЕКСТ-ЕМ дооел учествуваше на настан кој се одржа на 20 Ноември 2025 год. во Јавна соба, Скопје. На настанот се заокружи шестмесечната програма посветена на поддршка на жените претприемачки во земјоделско-прехранбениот сектор. Учесничките ги претставија своите иновативни идеи и решенија пред жири-комисија и публика, во присуство на клучни актери од агро-прехранбениот и иновацискиот екосистем. Програмата започна со поздравни излагања од Габриела Костовска Богоеска, извршна директорка на Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување и национална координаторка на програмата EWA, како и од Даниела Димовска, директорка на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Во свечениот дел на настанот беа прогласени победничките на програмата EWA Македонија 2025, со доделување на парични награди и признанија. Настанот го затвори Емилија Андонова, програмска директорка на Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување и ко-координаторка на EWA во Македонија.