Дигитален самит 2025

На покана на Министерството за дигитална трансформација, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно се одржа во Скопје, на 1 и 2 Октомври 2025 година, во Музејот на современата уметност. Оваа регионална платформа ги поврзува владите од регионот, деловната заедница, академијата и меѓународните партнери со цел забрзување на дигиталната трансформација во регионот. Самитот беше организиран на две сцени – главна и технолошка, со три носечки приоритети: Дигитален паричник – сигурен и препознатлив пристап до јавни и приватни услуги, Интероперабилност – поврзување на системи и регистри за прекугранични електронски услуги и Сајбер-безбедност – заштита на личните податоци и критичната инфраструктура. На технолошката сцена беа отворени теми за вештачка интелигенција, 5G и оптичка инфраструктура, дигитални вештини и пристапот на регионалните компании до единствениот европски дигитален пазар. Имаше повеќе од 800 учесници и говорници, меѓу кои: претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министри од Црна Гора, Албанија, високи претставнци од Србија, Косово, Босна и Херцеговина, високи претставници на Европската комисија, Регионалниот совет за соработка (RCC), ITU, бизнис секторот од регионот и други меѓународни организации. Меѓу најважните гости и говорници ги очекуваме и Ренате Николаи (DG CONNECT), генералниот секретар на RCC Амер Капетановиќ, заменик-генералниот секретар на Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) Томас Ламанускас, видео-обраќање од Томас Јарзомбек (Парламентарен Државен секретар на СР Германија), како и од приватниот сектор Свјатослав Сењута од VISA, Марк Васич од Дојче Телеком и Кејт Марш од British Council. Министерот Андоновски, подвлече дека самитот има исклучително значење затоа што ќе ги продолжи напорите за понатамошно намалување на роаминг трошоците WB6–ЕУ со патека кон „роаминг како дома“, за 0 трошоци за интернет за македонските и граѓаните од Западниот Балкан кога патуваат во ЕУ. Активно учество имаше и НЕКСТ- ЕМ дооел.