Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација

Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис го организираше 21-вото издание на меѓународната конференција е-Општество.мк која се одржа на 10 Декември 2025 год. во хотел Холидеј ин, Скопје, при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. На конференцијата свои воведни обраќања имаа Бардил Јашари, извршен директор на Фондација Метаморфозис, Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, Бен Нупнау, заменик амбасадор на Делегацијата на Европска Унија, Џантин ван Бакел, амбасадорка на Кралството Холандија и Кристоф ле Риголер, амбасадор на Република Франција. Оваа година, конференцијата беше посветена на темата Интегритетот во сржта на дигиталната трансформација, истражувајќи како брзиот технолошки напредок ги преобликува демократската отпорност, човековите права и општествената доверба во еден сè повеќе меѓусебно поврзан свет. Темите се фокусираа на Отпорноста на информациски и кибер закани како фактор на стабилноста и безбедноста во регионот, Човечкиот интегритет во добата на вештачката интелигенција, Демократизација на податоците — Моќ, пристап и одговорност, Измами во дигиталната ера: предизвици за граѓаните и институциите како и кратка презентација на првиот Национален центар за вештачка интелигенција Везилка. Конференцијата „е-Општество.мк“ е организирана од Фондација Метаморфозис во рамки на проектот „Центар против дезинформации на Западен Балкан” финансиран од Кралството Холандија.