Инклузивно покривање на жените на интернет
Во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), се одржа настан со цел да поттикне конструктивен дијалог за зголемена застапеност на жените во онлајн медиумите/интернет порталите за време на изборната кампања. Настанот се одржа на 25 Ноември 2024 год. во Хотел Холидеј Ин, Скопје. Дискусијата на тркалезна маса на оваа тема, ќе овозможи корисна платформа за учесниците да ги разгледаат различните аспекти во прикажувањето на жените во онлајн медиумските кампањи и во платеното политичко рекламирање. Тимот експерти ги презентираа клучните наоди од последните парламентарни избори и споделија предлози за политики за да се поттикнат позитивни промени. На настанот учествуваа претставници од институциите, граѓанските организации и други релевантни засегнати страни за да се дискутира за стратегиите за подобрено медиумско покривање за време на изборниот период. Учесниците имаа можност да дадат препораки за подобрување на законската и институционалната рамка во насока на подобрена поддршка за родовата еднаквост и инклузивноста во изборното покривање на онлајн медиумите/интернет порталите. Настанот е поддржан од Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (FCDO) на Владата на Обединетото Кралство. Свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.