IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Продукти

Мониторинг

Комплетен сервис за мониторинг и менаџирање на достапност на услугите

 

Пакет
Број на проверки Фреквенција Е-маил извештаи СМС извештаи Цена (месечно)
MONITORING
BASIC
10 1 минута неограничено 50 / мес.

1000 ден.
+ 18% ДДВ

MONITORING
OFFICE
30 1 минута неограничено 150 / мес.  2000 ден.
+ 18% ДДВ

 

Денес во интернет светот секое неработење на Вашата веб страна чини изгубени пари, го зголемува бројот на незадоволни корисници и се трошат непотребно ресурсите за маркетинг. Дизајнирањето и имплементацијата на цврста техничка структура е клучна, но работите често можат да излезат од контрола. Компаниите кои сериозно се присутни на пазарот потребно им е мониторинг решение кое може моментално да ги детектира прекините од секаков тип и да го алармира оперативниот тим кој за најкраток временски период ќе го реши проблемот. НЕКСТ-ЕМ во соработка со ПАНОПТА нуди комплетен сервис за мониторинг и систем за менаџирање на прекините за Вашите бизниси и сервисни провајдери кои имаат потреба од брза детекција и алармирање. Ние Ви нудиме комплетно решение како да се справите со прекините при што Вашиот тим е обезбеден со алатки за да ги олесни и да ги избегне идните прекини што ќе се појават. Со оваа функционалност многу се подобрува Вашата присутност.

Напреден сервис за мониторинг

Денешните веб страни стануваат се покомплексни, се менува динамично содржината, се работи со содржина од повеќе ресурси, чување на веб сервисните маил-ови, разговори и други комуникациони механизми. Секоја компонента од оваа инфраструктура мора да биде мониторирана за да обезбеди детекција на сите можни прекини што се појавуваат. Контролниот панел овозможува конфигурација и мониторинг податоци во реално време со што го прави лесно мониторирањето без разлика дали се работи за еден или за стотици сервери.

Комплетен мониторинг: Сите критични сервиси кои мораат да бидат достапни се проверуваат, вклучувајќи ги и честите непредвидливи ситуации што потенцијално можат да ја попречат ефикасноста на Вашата веб страна.

Високо фрекфентни проверки: Проверките се прават на секои 60 секунди за да се обезбеди комплетна слика за достапноста на веб страната без да се пропуштат ни најситните прекини во мрежата.

Интелегентна почетна алатка: Ние ги анализираме сите Ваши онлајн присуства и утврдуваме дали сервисот е потребно да се мониторира. Дури и за бизниси кои се многу краток период присутни онлајн просечно се наоѓаат 15 или повеќе критични проблеми со сервисната достапност.

Детален извештај: дневен, неделен или месечен извештај се дистрибуира за серверската достапност и за сите прекини што се случиле претходно со цел да се верификува SLA компатибилноста и зголемување на видливоста на ИТ перформансот на менаџерите и директорите.

Интелегентно известување за прекинот

Кога ќе се детектира прекинот, веднаш се потврдуваат со проверки од повеќе географски локации со цел да се избегне лажна тревога. Откако ќе се потврди прекинот, системот за известување се активира и ги известува сите за проблемот. За разлика од други системи каде што клиентите добиваат е-маил порака, нашиот систем работи многу покомплексно и ги известува за проблемот сите потребни клиенти се додека прекинот не е разрешен. Контролниот панел овозможува креирање на известувачка линија по желба за контролирање на известувањето по потреба на клиентот. Секоја известувачка линија експлицитно може да се конфигурира за кога и коj треба да извести за одредениот прекин. Интерфејсот на линијата овозможува да се види точно како изгледа распоредот и да се направи некоја измена ако е потребно.

Менаџирање на прекинот

За справувањето со прекините, особено кога се работи за високо вредносен систем, може да биде потрошено преголемо време и често резултира со искористување на клучните ресурси. НЕКСТ-ЕМ во соработка со ПАНОПТА целосно го екипира Вашиот тим со информациски и комуникациски алатки за да функционира што е можно поефективно се додека настанатиот прекин не е решен. Outage logs е алатка која се употребува за преглед на сите информации.

За време на прекинот

Првата работа што Ви е неопходна кога се справувате со неочекуван прекин се информациите. Командниот центар за прекини (OMCC) овозможува консолидирање на интерфејсот на прекините каде што дава информации во целост за проблемот. Системот дава точна оценка за моменталната ситуација нудејќи детални резултати и јасна слика на достапните ресурси. Втората работа што Ви е неопходна е алатка за комуникација која му помага беспрекорно на Вашиот тим. OMCC е централно место каде што тимот се среќава за време на појавуваање на прекините и се прави координација за да се одговори на проблемот. OMCC е составен од неколку форми за комуникација:

  • Специфична е-маил листа, пораките се праќаат автоматски до сите што треба да се инволвирани за појавениот прекин. Известувањето за прекинот е автоматски врзано со листата – едноставно се одговара на известувањето и до сите инволвирани пристигнува порака за прекинот.
  • Веб базирана соба за разговори каде што тимот може да дискутира за настанатиот проблем во реално време. Се користи чист веб протокол без потреба од инсталирање на дополнителен софтвер.

Сите маил-ови и пораки од разговорите се додаваат во алатката Outage Log каде што целиот тим секогаш е во тек. Целиот тим се концентрира кон решавање на проблемот и секојдневно се ажурира ситуацијата. Овие алатки се лесни за користење и се тимски ориентирани и помагаат да се реши побрзо и поефективно проблемот со настанатиот прекин. Бидејќи оваа инфраструктура е хостирана на редундантни сервери не е под влијание на големите прекини кои се обидувате да ги менаџирате.

По завршување на прекинот

Откако ќе се открие прекинот, важно е проблемот да се реши професионално со што нема да се појавува истиот во иднина. Често истиот прекин се појавува повторно со што се губат многу важни детали. Затоа неопходно е да се спречи повторното појавуавње на истиот прекин со што ќе се подобри онлајн присутноста во целост. За среќа, кога тимот користи OMCC сите детали од минатото се на располагање и можат да се искористат. Outage logs ги архивира трајно за испитување, дали е тоа следниот ден или за 6 месеци, кога сличен проблем ќе се појави.

Отпочнување

Активирањето на сервисот за онлајн мониторирање е многу едноставно. Целата инфраструктура е базирана и се пристапува преку веб. Со помош на веб регистрација и мониторинг конфигурација сите заинтересирани можат да имаат пристап за многу кратко време.

SSL

НЕКСТ-ЕМ дооел како партнер на светската компанија GlobalSign Ви ги нуди следните нивни производи

GlobalSign нуди поедноставена класификација на SSL сертификати – кои се поделени во три новодефинирани SSL класи за Валидација на Домен (DomainSSL) која се издава за 5 или помалку минути, Валидација на Организација (OrganizationSSL) и Проширена Валидација (EV SSL - ExtendedSSL) која ја активира зелената лента во делот на адресата во новите генерации на интернет прелистувачи.

  DomainSSL OrganizationSSL ExtendedSSL
намена ... Единечни или сеопфатни индивидуални SSL сертификати Единечни или сеопфатни индивидуални SSL сертификати Единечни или сеопфатни индивидуални SSL сертификати
Го активира жолтиот катанец во прелистувачот Да Да Да
Ја активира зелената лента во делот на адресата
Не Не

Зелена лента

Да

Овозможува моќна SGC Безбедност Да Да Да
Јачина на енкрипција Минимум 128 битна до 256 битна. Издаден од 2048 битен SHA-1 Root CA Минимум 128 битна до 256 битна. Издаден од 2048 битен SHA-1 Root CA Минимум 128 битна до 256 битна. Издаден од 2048 битен SHA-1 Root CA
Барања за верификација Верификација на домен Верификација на организација Проширена верификација на организација
Период на валидност 1-5 години 1-5 години 1-2 години
Брзина на издавање 5 минути 1-2 работни дена 3-4 работни дена
Обезбеден GlobalSign печат за Вашата веб страна SSL печат SSL печат SSL печат
Неограничено реиздавање / замени Да Да Да
Гаранција (осигурување) $10,000 $100,000 $250,000
Бесплатна поддршка Да Да Да
Поддршка од сите интернет прелистувачи Да Да Да
Поддршка од мобилни уреди Да Да Да
Бесплатна проверка на инсталација Да Да Да

 

VPN

Нашата компанија врши ВПН поврзување за компании кои имаат потреба да поврзат повеќе локации или пак сакаат на вработените да им овозможат пристап до ресурсите во централната локација.

Во продолжение е дадена спецификацијата на уредите кои ги користиме за таа намена:

N-RT450

 

  • 300MHz Atheros CPU
  • five 10/100 Ethernet MDI-X ports
  • 64MB NAND storage
  • 32MB SDRAM
  • Speaker on board
  • one DB9 Serial port
  • 9..28V DC - power jack or passive PoE
  • 3-4W Power consumption under full load
 

--

N-RT450G

 

  • 680MHz Atheros CPU
  • five 10/100/1000 Gigabit  Ethernet MDI-X ports
  • 512MB NAND storage
  • 256MB SDRAM
  • Speaker on board
  • microSD card on bottom 
  • one DB9 Serial port
  • 18..28V DC - power jack or passive PoE
  • 115mm x 90mm (4.53in x 3.54in)
 

--

N-RT750

 

  •  CPU: AR7240 400MHz CPU
  • Memory: 32MB DDR SDRAM onboard memory
  • Data storage: 64MB onboard NAND memory chip
  •  Ethernet: Five 10/100 ethernet ports
  • Extras: Reset switch, Beeper
  • Serial port: no serial port
  •  LEDs: Power, NAND activity, 5 Ethernet LEDs
  • Power jack: 9.28V DC
  • Dimensions: 113x89x28mm.
  • Power consumption: Up to 3W
 

--

N-RT750G

 

  •  CPU: Atheros AR7161 680MHz CPU
  • Memory: 32MB DDR SDRAM onboard memory
  • Data storage: 64MB onboard NAND memory chip
  • Ethernet: Five 10/100/1000 ethernet ports
  • Extras: Reset switch, Beeper
  • Serial port: no serial port
  •  LEDs: Power, NAND activity, 5 Ethernet LEDs
  •  Power jack: 9.28V DC
  • Dimensions: 113x89x28mm.
  • Power consumption: Up to 6W
 

За подетални информации околу начините на имплементација Ве молиме да не контактирате.

N-WEB

N-WEB - хостирани веб сервиси за содржина

Развојот на интернет технологиите предизвикуваат постојано барање на нови иновативни решенија за пласирање на најновите информации до верните посетители. Трендот популарно наречен „Web 2.0“ предизвика вистинска манија кон т.н. интерактивни содржини кои овозможуваат зголемување на посетеноста на Вашата веб страна.

За таа цел, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ ја создаде групата на производи популарно наречена „N-WEB“ која со помош на модерните веб технологии овозможува најновите информации секогаш да се на располагање на Вас и Вашите посетители. N-WEB се состои од следниве компоненти:

 

N-WEB STATS - систем за анализа на посетеност на веб страна, со можност за правење извештаи за бројот и видот на посетителите, нивните сурферски навики, следење на популарноста на одредени содржини или популарноста на целата страна како целина.

N-WEB POLL - систем за спроведување на анонимни анкети за Вашите посетители, со можност за бирање на Ваши предефинирани одговори на прашањата кои сметате дека во моментот се актуелни за Вас и Вашите посетители.

N-WEB METEO - систем за превземање на моменталните метеоролошки услови за сите поголеми градови во Република Македонија. Податоците се однесуваат на моменталните временски услови презентирани визуелно и нумерички во форма на температура на воздухот, брзина на ветер и релативна влажност на воздухот.

N-WEB SEARCH - систем за пребарување на македонскиот интернет простор, со посебна опција да врши пребарување само на Вашата страна.

 

N-WEB MAILMAN - систем за организација на електронски весник т.н. „newsletter“ кој овозможува корисниците да ги оставаaт своите податоци за оние теми за кои се заинтересирани, за да потоа Вие им презентирате новости по потреба или на определен временски интервал.

При дизајнирањето на производите е водено посебно внимание околу едноставноста на имплементацијата на содржините без посебно предзнаење на програмски јазици или ХТМЛ јазик. Интеграцијата се врши преку едноставно копирање на едноставен код кој веднаш работи на Вашата страна. Превземањето на податоците се врши преку N-WEB серверот со кој што се добива максимален квалитет и брзина на производите.

 

Цени на N-WEB компоненти
N-WEB STATS 600 ден + 18% ДДВ / годишно
N-WEB SEARCH 600 ден + 18% ДДВ / годишно
N-WEB METEO 1200 ден + 18% ДДВ / годишно
N-WEB POLL 1200 ден + 18% ДДВ / годишно
N-WEB MAILMAN 3500 ден + 18% ДДВ / годишно
Попуст доколку се користат повеќе компоненти заедно
5 компоненти 20% попуст
4 компоненти 15% попуст
3 компоненти 10% попуст
2 компоненти 5% попуст

Мµ Hotspot

Мµ Hotspot - Комплетно решение за јавен интернет хотспот

Пристапот на интернет на јавни места претставува предизвик на 21 век. Мобилноста на луѓето налага интернетот да биде достапен насекаде. Сите кафулиња, ресторани, хотели, клубови и слични јавни објекти се места каде што интернет пристапот ги прави посебни, ин, посетувани. Нашето решение за јавен хотспот овозможува постојната интернет врска во Вашиот објект (АДСЛ, кабелски, Wireless, изнајмена линија) да ја направите достапна на Вашите посетители, деловни партнери, пријатели.

Едноставното решение овозможува целосна контрола кон пристапот на интернет, со можност за печатење на тикети кои имаат ограничување временско и/или ограничување според количината на направен трансфер на податоци. Дополнителна можност е целосното прилагодување на почетната страница која се прикажува кај секој корисник, со што се овозможени дополнителни маркетинг елементи.

За да можете да го користите овој продукт потребно е да поседувате рутер од листата на компатибилни рутери, а доколку сеуште немате набавено рутер Ви стоиме на располагање истото да го направите во комплет по пониски цени, или ќе ви дадеме на користење рутер за цело време додека го користите овој продукт.

 

Цена за користење на хотспот услуга: 2000 ден + 18% ДДВ месечно
Корисникот е должен да обезбеди рутер на кој ќе биде инсталиран софтверот за хотспот. Доколку корисникот не поседува компатибилен рутер истиот може да го купи по повластени цени или пак да го земе на користење за цело траење на договорот.
Листа на компатибилни рутери:
Модел Куповна цена Цена за месечно користење
Linksys WRT54GL 4000 ден + 18% ДДВ 400 ден + 18% ДДВ
Asus WL-500G Premium 4580 ден + 18% ДДВ 500 ден + 18% ДДВ
Buffalo WHR-HP-G54DD / /
За плаќање на годишно ниво одобруваме попуст 10%