IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

.MK и .МКД домени

За да се регистрира домен, неопходно е да се изврши проверка дали доменот е слободен.

Доколку доменот е слободен, потребно се следните документи:

  • ПРАВНИ ЛИЦА
    За правни лица, барањето се поднесува електронски во случај доколку истото е потпишано со електронски/дигитален потпис согласно прописите за електронски потпис кои важат во Р. Македoнија. Во тој случај неопходно е да се достави само доказ од извршена уплата за услугата регистрација на домен на следната e-mail адреса: info@next-em.com.mk

    Во случај правното лице да не поседува електронски/дигитален потпис, барањето за регистрација треба да се достави во оригинал. Во прилог на барањето неопходно е да се приложи копија од тековна состојба на правното лице (не постара од 6 месеци, издадена од Централен Регистар на РМ) и доказ за извршена уплата.
     

  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
    За физички лица, барањето се доставува лично во просториите на НЕКСТ-ЕМ. Во прилог на барањето потребно е да се приложи лична карта (на увид) и доказ за извршена уплата за услугата регистрација на домен. Кога барањето се поднесува по електронски пат, се потпишува со електронски/дигитален потпис согласно прописите за електронски потпис кои важат во Р. Македoнија. Во тој случај неопходно е да се достави само доказ од извршена уплата за услугата на следната e-mail адреса: info@next-em.com.mk.

Барањето за регистрација на домен може да се пополни електронски со користење на Adobe Reader.

 

ПРАВИЛА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Националниот интернет домен на Република Македонија е врвниот македонски домен .mk како и кириличниот интернет домен .мкд.
Во рамките на .mk доменот се организираат поддомени кои се нарекуваат секундарни домени. Во секундарните домени во .mk доменот се регистрираат поддомени кои се нарекуваат терцијални домени.

Во врвниот .mk домен согласно правилникот на МАРнет се организираат:

  • Примарен домен .mk
  • Секундарни домени
    • gov.mk
    • edu.mk
    • org.mk
    • com.mk
    • net.mk
    • inf.mk

Во врвниот .мкд домен согласно правилникот на МАРнет се организираат:

  • Примарен домен .мкд

НЕКСТ-ЕМ е овлатен регистрар за регистрација на врвниот домен .mk и секундарните домени: edu.mk, org.mk, com.mk, net.mk, inf.mk како и за врвниот домен .мкд.
За регистрација на gov.mk секундарниот домен, овластен останува МАРнет.

Право да регистрираат секундарен домен во примарниот домен .mk имаат сите правни и физички лица.
Право да регистрираат секундарен домен во примарниот домен .мкд имаат сите правни и физички лица.

Право да регистрираат терцијален домен во секундарниот домен edu.mk имаат: образовни и научно истражувачки институции, странски образовни огранизации кои имаат дозвола за вршење образовна и научно истражувачка дејност.

Право да регистрираат терцијален домен во секундарниот домен org.mk имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здрвствени установи, фондови, странски амбасади, непрофитни странски организации кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.

Право да регистрираат терцијален домен во секундарниот домен com.mk, net.mk и inf.mk имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, коморите на овие лица, задруги, финансиски организации и други физички и правни лица.

Бројот кој може да го регистрира еден регистрант е неограничен.

Домените се регистрираат на период од една до десет години, со право на продолжување по истекот на периодот на кој е регистриран.

Регистрантот одговора за точноста на податоците во барањето и за веродостојноста на приложената документација која се приложува кон барањето за регистрација на домен. Доколку дополнително се утврди дека доставените податоци во барањето се неточни или дека документацијата приложена кон барањето е неверодостојна, регистрарот има право доменот да го избрише без предходна согласност на регистрантот.

Регистрантот сноси одговарност за евентуална повреда на интелектуалната сопственост (авторско право, индустриска сопственост и друга заштита согласно со прописите кои ја регулираат оваа материја), како и за секоја штета настаната како резултат на таква повреда, а која произлегува од покренување постапка за регистрација на домен или употреба на домен.
Регистрарот има право доменот да го избрише без предходна согласност на регистрантот.

Правилник за .MK и .МКД

ПРАВИЛА ЗА ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИ

Името на доменот НЕ МОЖЕ да се промени.

Регистрарот може да изврши промена во регистарот на домени, по барање на контактот за доменот и тоа:

  • Промена на адмнистративен контакт може да врши регистрантот или самиот административен контакт.
  • Промена на технички контакт може да врши регистрантот или самиот технички контакт.
  • Промена на именските опслужувачи може да врши регистрантот, административниот или техничкиот контакт.
  • Промена на регистрант може да врши само регистрантот заедно со новиот регистрант.
  • Регистрантот е единствениот контакт кој е овластен за бришење на доменот.

 

ОБНОВУВАЊЕ НА ДОМЕН

Согласно правилникот на МАРнет, регистрантот поднесува барање за продолжување на регистрација на доменот до Регистрарот и тоа најмалку 15 дена пред истекот на времето за регистрација. Барањето за продолжување може да се испрати на следната e-mail адреса: info@next-em.com.mk. Дополнително, системот на регистрарот го потсетува клиентот и овозможува поднесување на барање за регистрација.

Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.

Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант.

По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.

ОТСТАПУВАЊЕ/НАСЛЕДУВАЊЕ НА ДОМЕН

Доколку Регистрантот престанал да постои, правните наследници можат да побараат стекнување на право на користење на доменот, односно пререгистрација на постојниот домен и упис на свое име во регистарот.

Со барањето за регистрација, мора да се поднесе и дополнителна документација, како правосилен акт со кој се докажува правото за наследување.

Регистрантот на доменот може со изјава да се откаже од правото на користење на доменот. Во моментот на давање писмена изјава кај Регистрарот, доменот се брише и може да се регистрира од друго лице во постапка за регистрација на домен.

За решавање на спорови во врска со регистрација на домени надлежна е постојаната арбитража при МАРнет во согласност со Правилникот за арбитражна постапка за решавање на спорови при регистрација на домени.

БРИШЕЊЕ НА ДОМЕН

Регистрацијата на доменот може да биде поништена, а доменот деактивиран и избришан од регистарот во следните случаи:

  • Регистрантот постапува спротивно на условите за регистрација на домени и спротивно на Правилникот за регистрација утврден од страна на МАРнет.
  • Регистрантот во писмена форма побарал поништување на регистрацијата и негово бришење од регистарот.
  • Регистрантот на доменот не ги подмирил финансиските обврски за регистрација или обнова на доменот.
  • Регистрантот не е во состојба да ги задоволи техничките услови за функционирањето на доменот.
  • Регистрантот во постапката за регистрација дал погрешни и неверодостојни податоци и документација.
  • Регистрантот не доставил промена на задолжителни податоци за себе и за употреба на доменот.
  • Регистрантот не ги почитува своите обврски и одговорности пропишани со Правилникот за регистрација на домени.
  • Регистрантот не презема одговорност или не соработува со службата, односно со лицата овластени за доменот и во други случаи кога е    неопходно преземање на определени активности.
  • Регистрантот на доменот го злоупотребува доменот на начин што со употреба или неупотреба ги повредува интелектуалната сопственост,    авторските права според позитивните законски прописи.
  • Во други случаи утврдени со закон
  • Доколку доменот не биде обновен и измине заштитениот период од 120 денови со што Регистрантот го загубил правото на користење на доменот.

 

ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ДОМЕН

За да се регистрира доменот, неопходно е техничко поставување на именските опслужувачи (DNS подесувања).

Согласно правилникот на МАРнет, називот на .mk доменот може да ги содржи следните елементи:

  • Да се состои од букви од абецедата (при тоа не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0-9 и знакот "-" (тире).
  • Да се состои од најмалку 1 (еден) до најмногу 63 (шеесет и три) знаци, а притоа првиот и последниот знак не може да биде знакот "-" (тире).
  • Не смее последователно да се појавува два пати знакот "-" (тире).

 

Согласно правилникот на МАРнет, називот на .мкд доменот може да ги содржи следните елементи:

  • Да се состои од букви од македонската азбука (при тоа не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0-9 и знакот "-" (тире).
  • Да се состои од најмалку 3 (три) до најмногу 30 (триесет) знаци, а притоа првиот и последниот знак не може да биде знакот "-" (тире).
  • Не смее последователно да се појавува два пати знакот "-" (тире).

 

Домен Минимум регистрација Регистрација Обнова на домен Пререгистрација (со обнова 1 година)
.mk 1 година 800 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ
.com.mk 1 година 800 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ
.org.mk 1 година 800 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ
.edu.mk 1 година 800 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ
.net.mk 1 година 800 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ
.inf.mk 1 година 800 ден +18% ДДВ 400 ден + 18% ДДВ 400 ден +18% ДДВ
.мкд 1 година 800 ден +18% ДДВ 400 ден + 18% ДДВ 400 ден + 18% ДДВ

Детално за цената на домените можете да видите на следниот линк