МБТ Конференција 2026
ЈП Национална Радиодифузија организираше настан МБТ Конференција 2026, кој се одржа во периодот од 1 до 3 Јуни 2026 година, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје. Како регионална платформа за соработка меѓу операторите на радиодифузни мрежи и инфраструктура, МБТ Асоцијацијата и оваа година обедини претставници на водечките компании, институции, експерти и партнери од регионот и пошироко, со цел размена на искуства, следење на технолошките трендови и заедничко справување со предизвиците во областа на радиодифузијата и електронските комуникации. Во текот на конференцијата беа обработени повеќе актуелни теми, меѓу кои преносните мрежи од следната генерација, DAB+, развојот и примената на 5G Broadcast, сигурноста на преносните мрежи и критичната инфраструктура, управувањето сорадиофреквенцискиот спектар во согласност со европските политики, како и енергетската ефикасност и одржливоста на радиодифузните системи. Директорот на ЈП Национална Радиодифузија, Јусуф Сопи, изрази искрена благодарност до сите учесници, предавачи, партнери, спонзори и гости кои придонесоа за успешна реализација на МБТ Конференцијата 2026. Cвое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.











