![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
|
|||
Комплетен сервис за мониторинг и менаџирање на достапност на услугите
Денес во интернет светот секое неработење на Вашата веб страна чини изгубени пари, го зголемува бројот на незадоволни корисници и се трошат непотребно ресурсите за маркетинг. Дизајнирањето и имплементацијата на цврста техничка структура е клучна, но работите често можат да излезат од контрола. Компаниите кои сериозно се присутни на пазарот потребно им е мониторинг решение кое може моментално да ги детектира прекините од секаков тип и да го алармира оперативниот тим кој за најкраток временски период ќе го реши проблемот. НЕКСТ-ЕМ во соработка со ПАНОПТА нуди комплетен сервис за мониторинг и систем за менаџирање на прекините за Вашите бизниси и сервисни провајдери кои имаат потреба од брза детекција и алармирање. Ние Ви нудиме комплетно решение како да се справите со прекините при што Вашиот тим е обезбеден со алатки за да ги олесни и да ги избегне идните прекини што ќе се појават. Со оваа функционалност многу се подобрува Вашата присутност. Напреден сервис за мониторингДенешните веб страни стануваат се покомплексни, се менува динамично содржината, се работи со содржина од повеќе ресурси, чување на веб сервисните маил-ови, разговори и други комуникациони механизми. Секоја компонента од оваа инфраструктура мора да биде мониторирана за да обезбеди детекција на сите можни прекини што се појавуваат. Контролниот панел овозможува конфигурација и мониторинг податоци во реално време со што го прави лесно мониторирањето без разлика дали се работи за еден или за стотици сервери.
Високо фрекфентни проверки: Проверките се прават на секои 60 секунди за да се обезбеди комплетна слика за достапноста на веб страната без да се пропуштат ни најситните прекини во мрежата. Интелегентна почетна алатка: Ние ги анализираме сите Ваши онлајн присуства и утврдуваме дали сервисот е потребно да се мониторира. Дури и за бизниси кои се многу краток период присутни онлајн просечно се наоѓаат 15 или повеќе критични проблеми со сервисната достапност. Детален извештај: дневен, неделен или месечен извештај се дистрибуира за серверската достапност и за сите прекини што се случиле претходно со цел да се верификува SLA компатибилноста и зголемување на видливоста на ИТ перформансот на менаџерите и директорите. Интелегентно известување за прекинотКога ќе се детектира прекинот, веднаш се потврдуваат со проверки од повеќе географски локации со цел да се избегне лажна тревога. Откако ќе се потврди прекинот, системот за известување се активира и ги известува сите за проблемот. За разлика од други системи каде што клиентите добиваат е-маил порака, нашиот систем работи многу покомплексно и ги известува за проблемот сите потребни клиенти се додека прекинот не е разрешен. Контролниот панел овозможува креирање на известувачка линија по желба за контролирање на известувањето по потреба на клиентот. Секоја известувачка линија експлицитно може да се конфигурира за кога и коj треба да извести за одредениот прекин. Интерфејсот на линијата овозможува да се види точно како изгледа распоредот и да се направи некоја измена ако е потребно. Менаџирање на прекинотЗа справувањето со прекините, особено кога се работи за високо вредносен систем, може да биде потрошено преголемо време и често резултира со искористување на клучните ресурси. НЕКСТ-ЕМ во соработка со ПАНОПТА целосно го екипира Вашиот тим со информациски и комуникациски алатки за да функционира што е можно поефективно се додека настанатиот прекин не е решен. Outage logs е алатка која се употребува за преглед на сите информации. За време на прекинотПрвата работа што Ви е неопходна кога се справувате со неочекуван прекин се информациите. Командниот центар за прекини (OMCC) овозможува консолидирање на интерфејсот на прекините каде што дава информации во целост за проблемот. Системот дава точна оценка за моменталната ситуација нудејќи детални резултати и јасна слика на достапните ресурси. Втората работа што Ви е неопходна е алатка за комуникација која му помага беспрекорно на Вашиот тим. OMCC е централно место каде што тимот се среќава за време на појавуваање на прекините и се прави координација за да се одговори на проблемот. OMCC е составен од неколку форми за комуникација:
Сите маил-ови и пораки од разговорите се додаваат во алатката Outage Log каде што целиот тим секогаш е во тек. Целиот тим се концентрира кон решавање на проблемот и секојдневно се ажурира ситуацијата. Овие алатки се лесни за користење и се тимски ориентирани и помагаат да се реши побрзо и поефективно проблемот со настанатиот прекин. Бидејќи оваа инфраструктура е хостирана на редундантни сервери не е под влијание на големите прекини кои се обидувате да ги менаџирате. По завршување на прекинотОткако ќе се открие прекинот, важно е проблемот да се реши професионално со што нема да се појавува истиот во иднина. Често истиот прекин се појавува повторно со што се губат многу важни детали. Затоа неопходно е да се спречи повторното појавуавње на истиот прекин со што ќе се подобри онлајн присутноста во целост. За среќа, кога тимот користи OMCC сите детали од минатото се на располагање и можат да се искористат. Outage logs ги архивира трајно за испитување, дали е тоа следниот ден или за 6 месеци, кога сличен проблем ќе се појави. ОтпочнувањеАктивирањето на сервисот за онлајн мониторирање е многу едноставно. Целата инфраструктура е базирана и се пристапува преку веб. Со помош на веб регистрација и мониторинг конфигурација сите заинтересирани можат да имаат пристап за многу кратко време. |
|||||||||||||||||||||
НЕКСТ-ЕМ дооел како партнер на светската компанија GlobalSign Ви ги нуди следните нивни производиGlobalSign нуди поедноставена класификација на SSL сертификати – кои се поделени во три новодефинирани SSL класи за Валидација на Домен (DomainSSL) која се издава за 5 или помалку минути, Валидација на Организација (OrganizationSSL) и Проширена Валидација (EV SSL - ExtendedSSL) која ја активира зелената лента во делот на адресата во новите генерации на интернет прелистувачи.
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Нашата компанија врши ВПН поврзување за компании кои имаат потреба да поврзат повеќе локации или пак сакаат на вработените да им овозможат пристап до ресурсите во централната локација. Во продолжение е дадена спецификацијата на уредите кои ги користиме за таа намена:
--
--
--
За подетални информации околу начините на имплементација Ве молиме да не контактирате. |
|||||||||||
N-WEB - хостирани веб сервиси за содржина Развојот на интернет технологиите предизвикуваат постојано барање на нови иновативни решенија за пласирање на најновите информации до верните посетители. Трендот популарно наречен „Web 2.0“ предизвика вистинска манија кон т.н. интерактивни содржини кои овозможуваат зголемување на посетеноста на Вашата веб страна. За таа цел, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ ја создаде групата на производи популарно наречена „N-WEB“ која со помош на мо
При дизајнирањето на производите е водено посебно внимание околу едноставноста на имплементацијата на содржините без посебно предзнаење на програмски јазици или ХТМЛ јазик. Интеграцијата се врши преку едноставно копирање на едноставен код кој веднаш работи на Вашата страна. Превземањето на податоците се врши преку N-WEB серверот со кој што се добива максимален квалитет и брзина на производите. ![]()
|
|||||||||||||||||||||||||
Мµ Hotspot - Комплетно решение за јавен интернет хотспот
Едноставното решение овозможува целосна контрола кон пристапот на интернет, со можност за печатење на тикети кои имаат ограничување временско и/или ограничување според количината на направен трансфер на податоци. Дополнителна можност е целосното прилагодување на почетната страница која се прикажува кај секој корисник, со што се овозможени дополнителни маркетинг елементи. За да можете да го користите овој продукт потребно е да поседувате рутер од листата на компатибилни рутери, а доколку сеуште немате набавено рутер Ви стоиме на располагање истото да го направите во комплет по пониски цени, или ќе ви дадеме на користење рутер за цело време додека го користите овој продукт. ![]()
|
|||||||||||||||||||||||||||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |