IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..


Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

АЕК – Меѓународна регулаторна конференција за 2019 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Меѓународната регулаторна конференција која се одржа од 20 до 22 Мај 2019 год. во Хотел Метропол – Охрид. Седма година по ред, АЕК организира Меѓународна регулаторна конференција, со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во ИКТ секторот, преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства.

GIST - Регионален Стартап демо ден

Глобални иновации преку наука и технологија - GIST и Стартап Македонија  организираа настан, регионалниот стартап демо ден кој се одржа на 16 Мај 2019 год. во Хотел Холидеј Инн во Скопје. На настанот свое учество имаа претставници од повеќе земји и тоа од Албанија, Ерменија, Украина, Косово, Босна и Херцеговина, Белорусија, Грузија, Црна Гора, Србија, Азербејџан и Македонија.

Механизми за елиминација на сивата економија

Во насока на активно вклучување на деловната заедница во стратешките економски политики и националната законска регулатива, Проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива” кој го имплементираат четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија, организираа Форум на тема: “Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати” кој се одржа на 16 Мај 2019 год. во Хотел Александар Палас во Скопје со почеток во 11 часот.

Pantheon Конференција 2019

Компанијата Даталаб Македонија и МАСИТ како партнери организираа PANTHEON Kонференција на тема: „Дигитализација 2019“, која се одржа на 14ти Мај 2019 година, со почеток во 10:00 часот, во хотелот Мериот, во Скопје. Конференцијата имаше за намера да ги истакне актуелните иновации во областа на законодавството, претприемништвото и економијата, како и иновациите кои се носители на дигитализацијата практично применети во PANTHEON. На настанот гостуваа реномирани експерти од областа, со желба да се стимулираат иницијативи и конкретни чекори на напредок во компаниите кои користат ЕРП решенија. PANTHEON конференцијата се отвори со панел дискусија на тема: Дигитализација 2019 во Македонија.

Финална конференција - Важноста на Поглавје 20

На 08-ми мај со почеток во 11:00 часот во хотел „Солун“ во Скопје  се одржа финална конференција на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на поглавје 20“, финансиран од Европската унија. Целта на финалната конференција беше да ги сумира резултатите и придобивките од проектот, како и да придонесе за промоција на Платформата поглавје 20.

     
Syndicate content