IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..


Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Визионерските работилници

Во организација на Националната развојна стратегија, на 18 Март 2022 год. со почеток во 10 часот во Хотел Александар Палас во Скопје, се одржаа Визионерски работилници. Националната развојна стратегија 2022-2042 е долгорочен стратегиски документ, кој со инклузивен, аналитички и партиципативен пристап ќе „произведе“ аполитичен, инклузивен, долгорочен, развоен документ, со утврдени приоритети во интерес на општеството и државата.

Среќни празници

 

Конференција „Е-Општество.мк“ - Демократија во дигиталната ера: предизвици и можности

Седумнасетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ја организира меѓународната конференција „Е-Општество.мк“. Конференцијата се одржа од 30 Ноември до 3 Декември 2021 год. во хотел „Панорамика“ во Скопје но и онлајн на платформата Zoom, при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. На конференцијата присуствуваа и говореа претставници на институции од Европа, Америка, како и од нашата држава, граѓанското општество и правни експерти.

Прв Национален Самит - Национална платформа за женско претприемништво

Првиот  Годишен Самит за женско претприемништво, што се одржа на 18-19 Ноември 2021 год.  во хотел Александар Палас, Скопје, беше во организација на Националната платформа за женско претприемништво. На свеченото отвoрање на Самитот на кој присуствуваа над 100 претприемачки од земјава зборуваа Фатмир Бетиќи, Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економски ресорси и инвестиции, Крешник Бектеши, Министерот за економија, Julian Vassallo, заменк шеф на делегацијата на ЕУ,  Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје и Валентина Дисоска, Претседател на Националната платформа за женско претприемништво.

Преку вклучување и транспарентност до правичност и квалитет

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, во рамките на проектот “Преку вклучување и транспарентност до правичност и квалитет”, финансиран од Меѓународниот центар за локална демократија од Шведска (Swedish international Centre for local democracy – ICLD), одржа завршен настан на кој  беа презентирани наодите од истражувањето. Настанот се одржа на 16 ноември 2021 г. (вторник), со почеток во 11 часот, во Национална Филхармонија.

     
Syndicate content