IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..


Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Презентација на вториот периодичен мониторинг извештај за работата на АВМУ и АЕК

Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, имаа презентација на вториот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“. 

Развој на национална рамка за сајбер одбрана

На покана на Министерството за одбрана и Воената академија, во коорганизација со женевскиот Центар за демократска контрола на вооружените сили (DCAF), НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на тркалезна маса на тема „Развој на национална рамка за сајбер одбрана“, која  се одржа на 26.02.2019 година од 09:00 часот, во Домот на АРМ, во Скопје.

Промотивна Конференција на Кинескиот саем

Во организација на Министерството за трговија на Народна Република Кина, се одржа промотивна конференција за Кинескиот саем за увоз и извоз на која присуствуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел. Настанот се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje со почеток во 09.30 часот.

Преку не-дискриминација до еднакви можности

На покана на Националната конвенција за ЕУ во РМ, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на дебатата  „Преку не- дискриминација до еднакви можности: Европската легислатива и националните политики и практики“. Дебатата се одржа во вторник, 19 Февруари 2019 година, од 09 часот во Клубот на пратеници, Скопје.

Панел-дискусија за женско претприемништво

На покана на Македонија 2025, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на панел-дискусија на тема „Жени-претприемачи и канадски експерти: Менторство, развој и одржливост“ во организација на меѓународната невладина организација Македонија 2025. Настанот се одржа во DoubleTree by Hilton Skopje  со почеток во 11 часот.

     
Syndicate content