![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
На свеченото отвoрање на Самитот зборуваа Елисабета Георгиева - претставник од Делегацијата на ЕУ која е подржувач и кофинансиер на овој голем и значаен Проект, Зоран Маневски –Заменик Министер за економија од Министерството за економија, Сања Лукаревска – Директор на Управа за јавни приходи, голем подржувач на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска - претседателката на Националната платформа за женско претприемништво и претседателка на Здружението на бизнис жени, Габриела Костовска Богоеска - Извршната директорка на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР, партнер во Проектот и Трајан Ангелоски - претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, исто партнер во Проектот. Се доделија и наградите за најуспешните жени претприемачки во 2022 година , на Вториот Самит под модераторство на Ана Зафирова. Имаше и три панел сесии и тоа, Панел 1 – Локални достигнувања во креирање на политики за развој на женско претприемништво, Панел 2 - Меѓународни искуства успешни приказни во поддршка на женското претприемништво и Панел 3 - Добри практики за интернационализација на бизнисите водени од жени. На вториот ден на Самитот беа претставени препораки за политики за дигитализација и пристап до финансии, при што зборуваше Емилија Андонова - Проектен координатор во МИР и го претстави Барометарот на НПЖП за 2022 година, кој е своевиден показател на потребите на жените претприемачки, приказ на состојбите и насоки за понатамошно делување. Имаше и Панел 4 - Младите и претприемништвото, можности и предизвици како и две работилници, за Финансиски менаџмент и Обезбедување финансии/односи со инвеститори. По завршување на богатата и исцрпна дискусија по сите дадени теми, со Заклучоци на претседателката Валентина Дисоска, заврши дводневниот Втор Самит за женско претприемништво. На настанот активно учествуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел. |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |