![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
На средбата присуствуваа поголем дел од регистрарите, при што беа разгледани темите по предлог на МАРнет, но уште повеќе беа дискутирани размислувањата и тековни проблеми со кои се соочуваат регистрарите при самото работење. На средбата свое претставување имаше и директорот на МАРнет, г-динот Томи Божиновски, додека самиот настан беше воден од Ева Несторовска, Раководител на одделение за архивско и канцелариско работење, но активно учество имаа и останатите вработени во МАРнет, поготово техничките лица. Регистрарите беа согласни дека треба да се оформи здружение на регистрари, кое ќе ги застапува на состаноците на Управниот Одбор на МАРнет, поготово за теми кои ги засегаат директно, како и дека средби со МАРнет треба да има почесто. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |