![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
Насловот на конференцијата “ Предизвици кон Гигабит општество“ со теми на кои се дискутираше беа: Сесија 1 – Регулаторни предизвици, Сесија 2 – 5G, Сесија 3 – Сајбер безбедност и Сесија 4 – Широкопојасен интернет. Насловот на конференцијата “Предизвици кон Гигабит општество“ упатува на поттик на сет од акции меѓу мрежата на регулаторните тела за зајакнување на соработката и подобрување на работата. Беа поканети познати личности, од македонските и меѓународни институции, меѓу кои и владини претставници, регулаторни тела, оператори, други компании, како и клучни личности на македонскиот и глобалниот пазар на електронски комуникации. Оваа конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Јетон Акику, а во поздравниот говор се обрати и Министерот за информатичко општество и администрација, г-динот Адмирим Алити. Конференцијата обезбеди одлична платформа за целисходен дијалог помеѓу сите засегнати страни и одлична основа за размена на мислења за теми од заеднички интерес, преку споделување на знаење и искуство. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |