![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
Националната развојна стратегија 2022-2042 ќе претставува стратешки документ за развој на нашата држава во следните 20 години кој ќе биде консензуален и надпартиски, меѓуетнички, родово и социјално сеопфатен. Преку него се има за цел да се создаде иднина на нашата држава во која секој е добредојден да учествува, без разлика на годините, полот, градот, етничката или верската припадност. На работилниците учествуваа речиси 200 граѓани меѓу кои претставници од граѓанскиот сектор, јавни институции, бизнис секторот, професори, студенти и средношколци, претставници од маргинализираните и ранливи групи граѓани. На работилниците присуствуваше и вицепремиерот Фатмир Битиќи кој испрати мотивирачка порака дека токму луѓето и нивните идеи и визии се најголемото богатство на нашата држава. Подготовката на Националната развојна стратегија 2022 – 2042 е национален процес чиј главен координатор е Владата со поддршка на Британската амбасада во Скопје, UN_MK и UNDP MK, но во процесот се вклучени и голем број други национални чинители, и секако граѓаните. На настанот во делот на инфраструктура, информатички и комуникациски технологии активно учествуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел. |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |