![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
На настанот, во повеќе одделни сесии дебатираа и дискутираа претставници на институциите, невладините организации и граѓанскиот сектор. Во рамки на конференцијата се одржаа и повеќе работилници. На сесијата „Алгоритми, приватност и безбедност. Да зборуваме за човековите права“, беше кажано дека нивото на свесност на граѓаните, невладините организации, медиумите, академската заедница, но и самите држави, за системите за автоматско донесување одлуки и вештачката интелигенција е ниско и тоа треба да се промени бидејќи овие системи ќе продолжат да влијаат врз благосостојбата на граѓаните и затоа треба да соработуваат меѓусебно и со државните власти за да разговараат за придобивките и ризиците од овие системи. Во склоп на конференцијата Е-Општество.мк се одржа обуката за Сибер безбедност – вообичаени митови и дезинформации. Обуката се обиде да одговори на најчесто поставуваните прашања и дилеми кои младите ги имаат во однос на сибер-безбедноста и сигурноста онлајн – што точно значи онлајн безбедност, дали има начини самите ние да се заштитиме додека комуницираме, соработуваме, или пак купуваме онлајн. Обука се одржа и за GDPR, често употребуван термин веќе подолго време, но многумина ја игнорираат или не ја разбираат неговата вредност. “Како да се изгради силен и одржлив систем за заштита на приватноста”, преку која учесниците имаа можност да се запознаат подлабоко со актуелниот Закон за заштита на личните податоци и механизмите. Освен многуте обуки и работилници, се одржа и Хакатон за отворени податоци.
|
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |