![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
На првиот ден од Годишниот Самит за женско претприемништво, беа доделени за прв пат и Награди за најуспешните претприемачки во мали и средни компании под институционално покровителство на Министерството за економија. Во текот на денот се одржаа и две панел дискусии на кои зедоа учество еминентни личности од земјава и странство, меѓу кои и Извршната директорка Габриела Костовска Богоеска на Фондација за менаџмент и индустриско истражување, а се одржаа и Б2Б средби меѓу жените претприемачки кои се важен фактор во вмрежувањето и поттикот за развој на бизнис светот на жените. На вториот ден од одржувањето на Првиот Самит, во Третата Панел дискусија на тема: “Програми и инструменти за финансирање на женското претприемништво” панелисти беа: Тања Илијевска, Раководител на Секторот за стратешко планирање, анализа и програми за поддршка на приватен сектор во Фонд за иновации и технолошки развој, Јумин Адеми, државен советник за претприемништво и конкурентност на малите и средни претпријатија во Министерство за економија, Гоце Георгиевски, раководител на сектор за рурален развој во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, Маја Столевска-Костадиновск, Регионален координатор од Меѓународен совет за Западен Балкан во ЕБРД и Игор Андреев, Аксцелератор, директор на Центарот за истражувања во Вардарскиот плански регион. На вториот ден од Самитот имаше и корисни работилници за финансиски менаџмент чиј обучувач беше Горан Зафировски, како и Игор Маџов, обучувач за Стартап компании, пристап до финансии, клучни теми од интерес за претприемачките. На настанот активно учествуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел. |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |