![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
Women in Adria- интернет платформа за поддршка на женското претприемништво и промоција на успешни бизнис приказни беше презентирана од Ивана Матиќ, директорка на мрежата на жени претприемачи во Хрватска и сопственик на веб порталот Women in Adria. Покрај Матиќ, на настанот се обратија и неколку успешни жени претприемачи и сопственички на развиени бизниси. За пристапот до финансии што се нуди во нашата држава говореа претставници на: Европска банка за обнова и развој, Министерство за економија, Фонд за иновации и технолошки развој, Комерцијална Банка АД Скопје, Агенција за поддршка на претприемништвото, и Штедилница „Фулм“. Настанот е дел од проектот „Women in Adria и CEED Hub за поддршка на женското претприемништво во Македонија“, кој е поддржан од Министерство за економија, од мрежата на жени претприемачи - Women in Adria во Хрватска, додека во нашата држава имплементациски партнер е ЦЕЕД Хаб Скопје. |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |