![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
На конференцијата свое обраќање имаа Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и висок претставник на Делегацијата на Европската Унија Виве Вимпари, директорката на Конект Никица Кусиникова, а дискутираа претставници на стопанските комори, компании, граѓански организации и меѓународни експерти. Настанот беше со цел да се соберат сите релевантни засегнати страни и да им се даде можност да ја искажат својата посветеност на Водечките принципи на ОН за бизнис и човекови права и да ја подигнат свеста за важноста на човековите права од бизнис перспектива. За потребите на проектот, со цел да се утврди дали постојат политики и мерки за заштита на човековите права, било спроведено истражување преку дигитален мониторинг и анкета на компании селектирани од 200 те најуспешни во земјава. Истражувањето беше спроведено за да се утврди каква е моменталната состојба во препознавањето и разбирањето на бизнисот и човековите права. Со истражувањето се идентификуваа актуелните политики и практики за спроведување на човековите права во компаниите. Резултатите укажаат кои се предизвиците и потребите и се појдовна основа во креирањето на понатамошните активности. На настанот свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |