![]() |
IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..
Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД! |
Оваа конференција, ја отворија Министерот за Информатичко општество и администрација, господинот Дамјан Манчевски и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Сашо Димитријоски. На конференцијата се одржаа повеќе панел дискусии во кои свое учество земаа тимови за одговор на компјутерски инциденти како и експерти за сајбер безбедност од меѓународни организации, приватни компании, домашни претставници од владиниот и јавниот сектор, како и лица одговорни за информациска безбедност од компаниите кои управуваат со критичните инфраструктури. Цел на конференцијата беше подобрување на соработката меѓу тимовите во регионот, размена на најдобри практики и искуства за подобрување на отпорноста во регионот на сајбер напади и заштита на критичните инфраструктури, дискусија за идни форми на соработка и заедничко дејствување со меѓународните организации. Активно учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. |
|||
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |