IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..


Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Меѓународна конференција за циркуларна економија

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ)  и Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување  организираа меѓународна конференција за стимулирање и забрзување на транзицијата кон циркуларна економија која се одржа на 23-24 Ноември 2022 година, во Хотел Хилтон, во Скопје.

САМИТ 2022 - Инспиративна иднина

Вториот Годишен Самит за женско претприемништво со наслов Инспиративна иднина, што се одржа на 17-18 Ноември 2022 год. во Raguza Rooftop 360, во Скопје, беше во организација на Националната платформа за женско претприемништво.

6. Македонско-Германски Форум

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со AHK Nordmazedonien и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ го организираа 6. Македонско-германски форум “Европската економија под притисок по руската инвазија во Украина”. Форумот се одржа на 2 ноември 2022 година, (среда) во Ресторан Рагуза 360 Rooftop, Скопје.

Kонференција за промовирање на конструктивниот капитал

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ - Скопје организираше конференција за промовирање на конструктивниот капитал која претставува завршен настан на проектот Адресирање на корозивниот капитал, поддржан од Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE). Конференцијата се одржа на 6 Октомври 2020 год. во Хотел Хилтон, со почеток во 10.30 часот.

Поттикнување на социјалните права

Институтот за европска политика – ЕПИ, организираше презентација на извештајот за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската унија за 2022 година, која се одржа на 29 Јуни 2022 год. со почеток во 10 часот, во Хотел “DoubleTree by Hilton” во Скопје. Како дел од ФРАНЕТ, ЕПИ трета година по ред го изработува придонесот кон годишниот извештај за темелни права на Агенцијата.

     
Syndicate content