IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..


Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Среќни празници

 

Конференција „Е-Општество.мк“ - Демократија во дигиталната ера: предизвици и можности

Седумнасетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ја организира меѓународната конференција „Е-Општество.мк“. Конференцијата се одржа од 30 Ноември до 3 Декември 2021 год. во хотел „Панорамика“ во Скопје но и онлајн на платформата Zoom, при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. На конференцијата присуствуваа и говореа претставници на институции од Европа, Америка, како и од нашата држава, граѓанското општество и правни експерти.

Прв Национален Самит - Национална платформа за женско претприемништво

Првиот  Годишен Самит за женско претприемништво, што се одржа на 18-19 Ноември 2021 год.  во хотел Александар Палас, Скопје, беше во организација на Националната платформа за женско претприемништво. На свеченото отвoрање на Самитот на кој присуствуваа над 100 претприемачки од земјава зборуваа Фатмир Бетиќи, Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економски ресорси и инвестиции, Крешник Бектеши, Министерот за економија, Julian Vassallo, заменк шеф на делегацијата на ЕУ,  Данела Арсовска, Градоначалник на Град Скопје и Валентина Дисоска, Претседател на Националната платформа за женско претприемништво.

Преку вклучување и транспарентност до правичност и квалитет

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, во рамките на проектот “Преку вклучување и транспарентност до правичност и квалитет”, финансиран од Меѓународниот центар за локална демократија од Шведска (Swedish international Centre for local democracy – ICLD), одржа завршен настан на кој  беа презентирани наодите од истражувањето. Настанот се одржа на 16 ноември 2021 г. (вторник), со почеток во 11 часот, во Национална Филхармонија.

Дигитална конференција

Конференцијата се одржа на 2 ноември (вторник) во DoubleTree by Hilton Скопје, со почеток во 10:00 часот. Дигиталната конференција „Power Green“ има за цел да го препознае ИКТ секторот како клучен играч во борбата против климатските промени, да ги инспирира компаниите да инвестираат во развојот и распоредувањето на позелени дигитални технологии и услуги и да се засилат кон зелена дигитална трансформација која има корист животната средина, општеството и економијата.

     
Syndicate content