National Conference - SMART Balkans project

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во соработка со партнерските организации од БиХ – Centar za promociju civilnog drustva (CPCD) и Албанија – Institute for Democracy and Mediation, со поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка организираше Национална конференција за промоција на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, која се одржа на 22.06.2022 со почеток во 11.00 часот во Хотел DoubleTree by Hilton Скопје.

На конференцијата се претставија целите на проектот, можностите за финансирање на 450 грантови во целиот регион, а се дискутираше и за актуелните состојби во секторите безбедност и стабилност и добро владеење кај нас и во регионот. Воведни обраќања имаа г-ѓа Марија Ристеска, Извршна директорка на ЦИКП, како и претставник од Европската унија и Норвешкиот амбасадор. Имаше две панел дискусии и тоа, првата за Перспектива на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, додека пак втората за Добро владеење и евроинтеграциите во Западен Балкан: анализа на состојбата и улогата на граѓанските организации. На панел дискусиите, свое мислење презентираа експерти во дадените области и на крај имаше претставување на проектот и грантовата шема. Cвое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.