ПРАВИЛА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА
Националниот интернет домен на Република Македонија е врвниот македонски домен .mk како и кириличниот интернет домен .мкд.
Во рамките на .mk доменот се организираат поддомени кои се нарекуваат секундарни домени. Во секундарните домени во .mk доменот се регистрираат поддомени кои се нарекуваат терцијални домени.
Во врвниот .mk домен согласно правилникот на МАРнет се организираат:
- Примарен домен .mk
- Секундарни домени
- gov.mk
- edu.mk
- org.mk
- com.mk
- net.mk
- inf.mk
Во врвниот .мкд домен согласно правилникот на МАРнет се организираат:
НЕКСТ-ЕМ е овлатен регистрар за регистрација на врвниот домен .mk и секундарните домени: edu.mk, org.mk, com.mk, net.mk, inf.mk како и за врвниот домен .мкд.
За регистрација на gov.mk секундарниот домен, овластен останува МАРнет.
Право да регистрираат секундарен домен во примарниот домен .mk имаат сите правни и физички лица.
Право да регистрираат секундарен домен во примарниот домен .мкд имаат сите правни и физички лица.
Право да регистрираат терцијален домен во секундарниот домен edu.mk имаат: образовни и научно истражувачки институции, странски образовни огранизации кои имаат дозвола за вршење образовна и научно истражувачка дејност.
Право да регистрираат терцијален домен во секундарниот домен org.mk имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здрвствени установи, фондови, странски амбасади, непрофитни странски организации кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
Право да регистрираат терцијален домен во секундарниот домен com.mk, net.mk и inf.mk имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, коморите на овие лица, задруги, финансиски организации и други физички и правни лица.
Бројот кој може да го регистрира еден регистрант е неограничен.
Домените се регистрираат на период од една до десет години, со право на продолжување по истекот на периодот на кој е регистриран.
Регистрантот одговора за точноста на податоците во барањето и за веродостојноста на приложената документација која се приложува кон барањето за регистрација на домен. Доколку дополнително се утврди дека доставените податоци во барањето се неточни или дека документацијата приложена кон барањето е неверодостојна, регистрарот има право доменот да го избрише без предходна согласност на регистрантот.
Регистрантот сноси одговарност за евентуална повреда на интелектуалната сопственост (авторско право, индустриска сопственост и друга заштита согласно со прописите кои ја регулираат оваа материја), како и за секоја штета настаната како резултат на таква повреда, а која произлегува од покренување постапка за регистрација на домен или употреба на домен.
Регистрарот има право доменот да го избрише без предходна согласност на регистрантот.
Правилник за .MK и .МКД