Јуридика Прима - „Актуелни прашања поврзани со работењето на централниот регистар и правните лица“

На покана на Јуридика Прима -Институт за правно-економски истражувања и едукација, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Семинар за Актуелните прашања поврзани со работењето на Централниот Регистар на РМ и правните лица, кој се одржа на 30 Ноември 2017 год. во Хотел Континентал Скопје, со почеток  во 10.30 часот.

Семинарот со поздравен говор за  Актуелни состојби, новини и предизвици во работењето на Централниот регистар на Република Македонија, го отвори Директорот на Централен регистар, г-ѓата Марија Бошковска-Јанковска.
Потоа следеа теми за  Актуелни прашања поврзани со Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (упис, статусни промени и др. – излагач Мате Ивановски – Регистратор во Централен регистар на Република Македонија, Упис на податоци во Централниот регистар на Република Македонија при стечај и ликвидација на трговските друштва – излагач Ацо Петров, стечаен управник, Претседател на Комората на стечајни управници на Република Македонија, Актуелни проблеми при уписот на заложното право во Заложниот регистар и Законот за извршување – излагач м-р Фаника Трајковска, Централен регистар на Република Македонија, Статусот на имотот на правните лица, приходите од правните лица и наследувањето на семејниот бизнис – излагач проф. д-р Ангел Ристов, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.