Улога на синдикатите во заштита на работничките права
Институт за европска политика (ЕПИ) организираше презентација за улогата на синдикатите, која се одржа на 25 Септември 2020 год. со почеток во 11.00 часот во Ragusa360 – Rooftop во Скопје. Настанот со поздравно обраќање го отвори Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ. На настанот говореа Вилдан Дрпљанин, за здружување, збунетост или злоупотреба – Улогата на синдикатите во заштитата на работниците и Кире Василев за како да се зајакне улогата на синдикатите во заштита на работничките права.
По презентацијата, се отвори дискусија на темите, со панелистите Анета Цекиќ (Институт за социолошки и политичко правни студии) и Катерина Поповска (ССМ), каде што сите учесници можеа да се вклучат во дискусијата со свои прашања и коментари. Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Активна граѓанска акција за демократија“. Во рамките на овој проект се изработуваат шест истражувања, на теми кои произлегоа од минатогодишната дебатна анкета. На настанот свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.