Трет Годишен ИГФ МКД Форум 2019
На покана на ИГФ МКД / IGF MKD ( Internet Governance Forum Macedonia ) – Форум за управување со интернет Македонија, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Третиот Годишен Форум за управување со интернет ИГФ МКД, кој е национална иницијатива во рамките на структурата на глобалниот ИГФ ( Global Internet Governance Forum ). Настанот се одржа на 28 Октомври 2019 год., во Македонски Телеком АД, со почеток во 11,00 часот.
Форумот е отворен, инклузивен и неформален простор за дијалог за прашањата на управувањето со интернетот „Internet Governance“, помеѓу сите засегнати чинители во македонското општество, владата, пратениците, приватниот сектор, граѓанското општество, техничката заедница, образованието, медиумите, крајните корисници итн. Поздравни обраќања имаа Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком АД, Роберт Поповски, Министер задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Александар Бајдевски, Заменик министер МИОА, Снежана Калеска Ванчева, Пратеничка во Собрание и Sandra Hoferichter, EuroDIG. Настанот имаше повеќе делови и тоа Панел 1 – Медиумите – медиумска писменост/регулација – саморегулација – борба против дезинформации, потоа имаше Ретроспектива, па Панел 2 – Правни аспекти на ИГ – авторски права, интелектуална сопственост, човекови права, заштита на лични податоци и последниот Панел 3 – Техничко технолошка и кибер безбедност. Сите панели беа презентирани од врвни експерти во својата област како и дискусијата со присутните гости, на нивни прашања , одговори, сугестии.