Регионална конференција Смарт Балкан 2023

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во соработка со партнерските организации од БиХ  и Албанија, со поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка организираше Регионална конференција на проектот СМАРТ Балкан – Мир и просперитет во Западен Балкан, која се одржа на 14-15.12.2023 во Хотел DoubleTree by Hilton, Скопје. Конференцијата се однесува на Специфичната цел 2 на проектот SMART Balkans кој работи на развивање силни регионални партнерства помеѓу граѓанските организации од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, С. Македонија и Србија) и со нивните колеги од ЕУ и јавните власти. Ова ќе резултира со напредок во формирањето на кооперативни односи меѓу граѓанските организации во регионот и користење на регионалните искуства, знаење и примери за заедничко застапување на решенија до владата и владините институции во областа на политиката и социјалното планирање, како и владеењето. Клучни теми што се дискутираа беа: Мирот, стабилноста и доброто владеење како предуслов за економски просперитет; Улогата на медиумите во промовирањето на мирот, стабилноста и доброто владеење; Владините напори за обезбедување мир, стабилност и владеење; Закани за мирот, стабилноста и доброто владеење, како што се политичкиот екстремизам, етнонационализмот, тероризмот и организираниот криминал и Насилство врз жени и девојки. Воведно обраќање имаше и Министерката за Одбрана, Славјанка Петровска. Имаше и повеќе панел дискусии. Cвое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.