Развој на национална рамка за сајбер одбрана

На покана на Министерството за одбрана и Воената академија, во коорганизација со женевскиот Центар за демократска контрола на вооружените сили (DCAF), НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на тркалезна маса на тема „Развој на национална рамка за сајбер одбрана“, која  се одржа на 26.02.2019 година од 09:00 часот, во Домот на АРМ, во Скопје.

Целта на работилницата беше

• Да се зголеми свеста за прашања поврзани со сајбер безбедноста и сајбер одбраната;

• Да се овозможи националната експертска дискусија за клучните елементи на стратегијата за сајбер одбрана и нејзината позиција во рамките на пошироката национална сајбер-рамка  и

• Да се разменат знаења, искуства и примери за добри и лоши практики со релевантни меѓународни експерти за прашања на безбедност и одбрана, со посебен фокус на сајбер просторот, нудејќи упатства и совети за македонскиот стратешки пристап.

На работилницата учествуваа претставници на Министерството за одбрана и Армијата, како и релевантни претставници од институциите со цел зајакнување на националните капацитети за справување со сајбер закани и подобрувањето на сајбер безбедноста на национално ниво кои се од приоритетно значење за државата.