Промоција на извештај од истражување
Македонската плаформа против сиромаштија имаше презентација на извештајот од истражувањето „Предизвици и проблеми на граѓаните при користењето на услугите од јавната администрација“ која се одржа на 25.12.2017, во Јавна соба, во Скопје. На истата присуствуваше и НЕКСТ-ЕМ дооел.
Организатор на настанот е Македонската плаформа против сиромаштија во рамки на развиеното стратешко партнерство со Фондот за население на обединетите нации, УНФПА и потпишан меморандум за соработка со МИОА во рамки на проектот „Зајакнување на националниот капацитет за собирање, анализа, дисеминација и употреба на популационите
податоци, за информиран развој на политики и идентификување на социјалните и економските нееднаквости“. Истражувањето и извештајот се изработени од страна на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии. Отворање на настанот и презентирање на потребата од ваков извештај, презентирано од Билјана Дуковска, Македонска платформа против сиромаштија. На настанот говореа и Ана Малцева, Министерство за информатичко општество и администрација за Важноста на документот за партиципативното креирање на политиките, Љупчо Петковски и Диана Жупаноска од ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии – Презентација на извештајот и заклучоците од истражувањето, по што следеше
отворена дискусија.